Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

На состанокот беше вклучен преку интернет и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата се поздравени заложбите на премиерот Заев за подобрување на деловното опкружување во државава.

Истакнати се определбите на Градежната комора за продолжување на партнерскиот однос и за соработка во активностите, важни за развојот на економијата.

Разгледани се и конкретно, актуелните состојби во секторот градежништво и е разговарано за можностите за реализација на капитални инвестиции од значење, како за градежниот сектор, така и за граѓаните и за државата.

– Нашата цврста определба е раст на домашната економија, во што голем придонес може да дадат домашните фирми со активната работа, меѓу коишто и компаниите од секторот градежништво. Ја поддржуваме иницијативноста на Градежната комора да помогне во овој процес, што ја има поддршката на Владата – рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Градежната комора на Македонија.