Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача вечерва претседателот Зоран Заев на трибината штосе одржува во општина Шуто Оризари.

– Сите седум министри без ресор, коишто дадоа резултат, но немаа свој капацитет поради инфраструктура, ќе ги укинеме како министерства без ресор, но ќе создадеме агенции, директорати за да работат уште повеќе – порача Заев.

Заев посочи дека зголемениот степен на отвореност и транспарентност не ѝ се допаѓа на политичката партија ДУИ и затоа таа партија оди во опозиција по изборите.

– Има некои партии кои беа во владата и не им се допаѓаше таквата транспарентност, една од тие е ДУИ, е затоа таа партија ќе оди во опозиција. Затоа што немаме време да чекаме, мораме да бидеме целосно отчетни. Ќе има комплетна транспарентност за сите лични трошоци за секој министер. Еднаш на секои четири месеци ќе има отворен ден за граѓаните за да можат да дојдат и да го решат својот проблем – заклучи Заев.