Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ја примија наградата „Евалд фон Клајст“, на вечерашната свеченост на Минхенската безбедносна конференција.

Признанието годинава им е доделено на премиерите за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, откако беше постигнат Преспанскиот договор.

Заев на Твитер истакна дека наградата е голема чест за граѓаните на двете држави.