Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис ќе имаат билатерална средба на маргините на самитот во Солун што ќе се одржи следниот четврток и петок.

Мицотакис ќе го искористи „Тесалоники самит 2019“ за да се сретне и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, како што соопшти кабинетот на грчкиот премиер, потврдувајќи ја информацијата за средбите.

Претстојната средба ќе биде втора помеѓу Мицотакис и Заев откако тие се сретнаа во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во септември.