Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе заминат во посета на Софијa.

Како што соопштија од Владата, целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе имаат средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии.