Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот на СДСМ, Зоран Заев на „Фејсбук“.

Заев нагласува дека одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции.

„Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам. Време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со ковид-19“, пишува Заев.

Претседателот на СДСМ додаде дека носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржани биле координативни состаноци, носителите делеле маски и разговарале со локалното население.

„Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје“, пишува Заев.