Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев в понеделник во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со што се очекува да разговараат за пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија, објави „360 степени“ повикувајќи се на информации од Владата.

Средбата ќе успеди по изјавите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи кој рече дека е можно одвојување на пристапнте процеси за Македонија и за Албанија кон ЕУ.

Се очекува деталите за средбата да бидат објавени во текот на утрешниот ден.