Премиерот Зоран Заев рече дека законот за ветинг по предлог на ДУИ му бил доставен викендов, но не го разгледал.

Тој вели дека останува на ставот за ветинг и во судството и во другите институции, а причините што се уште не се спровел, е дефицитот на судии и обвинители.

– Распуштање со право на реизбор беше нашиот став за судството. Со европските партнери кога разговаравме побараа лична одговроност, а не колективна. А втората причина е ресурскиот капацитет како да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места, ако тие заминат по ветингот – рече Заев.

Додаде дека во државата има 750 судиски места според системизација, а во моментов има 520 судии.

Ако се прочистат уште 300 нема како да се пополнат, иако Академијата за судии и обвинители веќе има конкурс, додаде премиерот.