Премиерот Зоран Заев вели дека останува оптимист иако постои голема веројатност да не постигнеме договор со Бугарија.

– Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што на 11 октомври, празникот, го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Р.С. Македонија и Европската Унија – рече Заев.

Ние, додаде тој, продолжуваме да изнаоѓаме решенија кои би биле прифатливи за двете страни.

Заев вели дека во Собранието не се отвора расправа за спорот со Бугарија бидејќи разговорите се во финална фаза и според него тоа опозицијата може да го искористи за да добие политички поени.

– Имаме обврска државата да оди напред и да успева, би било дегутантно било што да направиме што процесот на разговори може да го доведе во прашање – рече Заев.