Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на третата сесија во Европскиот парламент (ЕП) зборувал на албански, бидејќи бил испровоциран од поединци од Бугарија, откако на две сесии се обратил на македонски, изјави премиерот Зоран Заев.

– Нема да побарам одговорност бидејќи очекувам токму од претседателот на Собранието да објасни што се случило таму, затоа што тој е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија – рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше и на изјавата на Заев, истакнувајќи дека Џафери  треба „да си замине од позицијата претседател на Собранието, наместо да се објаснува“.

Левица и ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, во врска со случајот.