Реконструкцијата на владата зависи од добивањето датум за преговори со Европската Унија. Премиерот Зоран Заев вели дека ако летово односно јуни или јули нема датум за преговори, сите опции се отворени. Заев е оптимист, но не ја исклучува можноста за враќање на мандатот, па и избори.

-Доколу има одложување на датумот сите опции се отворени. Еден чекор е целосно нова влада, втор е избори и трет одговорност иако вината не ја гледаме овде бидејки сè направивме- рече Заев.

Премиерот за идната недела најави средба со германската канцеларка Ангела Меркел, а во однос на прашањето за бомбите гарантира дека не се излезени од СДСМ бидејќи сите материјали ги предале во специјалното јавно обвинителство.