Заврши телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Од Владата на Република Македонија соопштија дека во 18:30 часот на прес-конференција ќе се обрати премиерот Заев во врска со договорот за спорот со името со Грција. Како што се наведува во информацијата од Владата, на прес-конференција ќе присуствуваат и министрите.

Грчките медиуми пренесуваат  дека во 18 часот по локално време грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Ципрас во претседателската палата ќе го информира претседателот за деталите договориени од телефонскиот разговор со Зоран Заев.