Фото: Зоран Антоски

Во текот на денешниот ден заврши гласањето на болните и изнемоштени лица во општините Македонски Брод и во Пласница, кои се пријавиле да гласаат во домашни услови.

Од вкупниот број на прифатени барања од страна на комисијата, дел од овие лица не го дале својот глас поради отсутност од домот или не поседување соодветен документ за идентификација.

– Од прифатените 130 барања во нашата општина, 125 болни и изнемоштени го дале својот глас, додека пет лица поради отсуство од домот или поради непоседување соодветен документ за идентификација не го дале својот глас – рече Лена Милошеска од ОИК за Брод.

Додека во Општина Пласница од прифатените 66 барања за гласање во домашни услови, две лица не поседувале валиден документ за идентификација, додека едно лице во меѓувреме починало. Фактички, во оваа општина својот глас го дале 63 граѓани, во која гласањето беше изведено на седум од деветте избирачки места. З.А.