Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со Амбасадорот на ЕУ во земјава, Семјуел Жбогар, имааа свои излагања на завршната церемонија на Skopje Youth Summit (Младински самит Скопје), кој се оддржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и Романија.

Како клучен младински настан од регионот, заменикот министер и Амбасадорот го оценија Самитот како одлична можност да се промовира демократското единство кое го зајакнува про-демократскиот дискурс и убедувања меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко, дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество низ светот.

– За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат – истакна Жерновски во излагањето.

Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со Декларацијата што ја усвоиле, маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.