Продолжување со реформите во клучните области и донесување на новиот закон за Јавното обвинителство пред да се распушти парламентот, се пораките на евроамбасадорот Самуел Жбогар.

 

 

– Земјата треба да продолжи да ја демонстрира својата посветеност на реформите во клучните области. Се надеваме дека новиот закон за Јавното обвинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието. Предлог-законот кој е на маса е добра основа за донесување консензуална одлука – порача Жбогар во својот говор на тркалезната маса во Скопје за перспективите и предизвиците на патот кон ЕУ и НАТО.