Фото: Игор Бансколиев

Шефовите на дипломатиите на Чешка и Словачка порачуваат

На смее да се дозволи Европската Унија да стане колективен судија за историски толкувања, за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во историјата на Балканот, истакнуваат министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок, во нивната зaедничка колумна за „ЕУ Обзервер“, насловена „ЕУ не треба да биде судија за историски прашања“.

Тие наведуваат и оти барањето да се постави обврска за Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо, додавајќи дека тоа би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување на ЕУ и кои се дел од подобрниот пристап за транспарентност и предвидливост.

– Бугарија неколку пати потенцираше дека останува на тврдењето оти Скопје не ги исполнува обврските од Договорот за добрососедство, што според нив е основата за ветото што Софија го стави на преговарачката рамка – пишуваат шефовите на дипломатиите на Чешка и на Словачка.

Министрите нагласуваат и дека не смее да се дозволи таквите барања да станат формален дел од критериумите за пристапување, како и дека се уверени оти пречките ќе бидат надминати.