Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето датум за почеток на преговори за Македонија, но и за Албанија. Тие се договориле најдоцна до октомври да се навратат на ова прашањето.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес-конференција соопшти дека мнозинството членки на Советот не ја поддржале чистата препорака на Европската комисија за доделување на датум за преговори на денешниот состанок.

-За жал мнозинството членови не ја поддржа чистата препорака на Комисијата за отворање преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија- рече Хан.

Додаде дека е уверен дека во октомври ќе има одлука за почеток на преговорите со Македонија.