Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја прифати поканата за официјална посета на земјава што му ја упати претседателот Стево Пендаровски.

Во рамки на средбата помеѓу Ердоган и Пендаровски во Сараево на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, турскиот претседател рече дека Република Македонија ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и НАТО, со тоа што пристапниот Протокол за членство во НАТО ќе биде наскоро ратификуван во Големото национално собрание на Република Турција.

На средбата беше изразено задоволство од силното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски план. Трговската размена меѓу двете држави е во постојан раст и минатата година изнесуваше 505 милиони долари, но, потенцираа двајцата претседатели, економската соработка може уште повеќе да се зголемува во интерес на граѓаните на двете држави.