Реформите во ЕУ можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот, изјави премиерот Зоран Заев на работниот појадок на шефовите на влади на Самитот на земјите од Западен Балкан во Познањ.

Тој ги почна своите активности од програмата на шефовите на влади на Самитот за Западен Балкан во рамките на годишната конференција која оваа година се одржува во Полска, која претседаваше во изминатите 12 месеци со Берлинскиот процес за земјите од регионот, како платформа за европски дијалог и соработка за поддршка на политиката на проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Премиерот и неговата делегација, како и шефовите на владите, ги пречека премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, по што делегациите на лидерите на владите на земјите од Западен Балкан, заедно со домаќинот и со членови на Европската комисија се повлекоа на работен појадок.