Со 412 гласови „за“, 136 против и 30 воздржани, Европскиот парламент усвои Резолуција во корист на започнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, со која ги повикуваат европските лидери на наредната средба да донесат одлука за почеток на преговори со двете земји. 

-Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ – предупредува Резолуцијата.

Резолуцијата донесена од страна на Европскиот парламент изразува разочарување од неуспехот на ЕУ да ги отвори пристапните преговори за Македонија и Албанија поради блокадата на Франција, Холандија и Данска, иако, според проценката на Европскиот парламент, двете земји ги исполниле условите за нов чекор на патот кон евроинтеграциите.