Енигмата на Преспанскиот договор

Ицо Најдовски Перин, магистер по мултикултура и доктор по историски науки, долгогодишен активист за човекови права на Македонците во соседните држави и во иселеништвото. Деновиве допатува во Македонија од Мелбурн каде што живее и работи долги години, за да биде во средиштето на актуелните случувања во татковината.

Како гледате на Преспанскиот договор, кој ќе биде дел од претстојниот референдум?

-Преспанскиот договор е капитулантски, понижувачки, антимакедонски и антиуставен. Тоа не е договор, туку е наметнат нов Устав на РМ на 19 страници. Најпогубниот дел за македонскиот народ и за Македонија од тој договор е член 1, точка 3, и член 1, точка 12. Имено, со точка 3 се брише името на македонскиот народ и идентитет, а со точка 12 од страна на Грција децидно се бара Македонија да направи промена на Уставот, особено во најзначајниот дел, преамбулата, член 3, и член 49. Овие промени во Уставот за јавноста не се познати затоа што ако се обзнанат револтот кај македонскиот народ ќе биде голем. Според мене, во Преамбулата ќе се избришат Илинденското возстание од каде што се црпат идеалите за формирање сопствена држава на македонскиот народ, идеали кои се опфатени со АСНОМ-ските одлуки од 1944 година, со формирањето на Социјалистичка Република Македонија и конечно реализирани со независноста на Република Македонија 1991 година. Тоа ќе се замени со новата Преамбула дека македонскиот народ и албанскиот народ ќе бидат носители на државноста со останатите етнички заедници или пак втората опција е Македонија да биде држава на граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Власи… Ова кажува дека македонскиот народ ја губи државотворноста како носител на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

Многу е важен и членот 3. Зошто се крие од јавноста дека предмет на расправа е членот 3 од Уставот на РМ и членот 49 од Уставот на РМ. Што наумиле тука да менуваат?

Целосното интервју со Ицо Најдовски ќе биде објавено во печатеното издание на „Нова Македонија“ од 27.09.2018 година.