Во пресрет на претстојните претседателски избори 2019 година, а со цел едукација на гласачите, Државната изборна комисија организира едукативен и информативен карван во рамки на кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Карванот во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.

За време на карванот голем број на граѓани пристапија со цел да се запознаат со своите гласачки права, начинот и значењето на остварувањето на правото на глас, како и забраните на гласачките места.

Овој пристап на ДИК се должи на заложбите на Комисијата во кампањата да оствари директна комуникација со гласачите, преку која ги пренесува клучните информации до нив.

Во рамки на карванот се делат и едукативни материјали. Секој граѓанин може да се запознае со своите права и со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК и тоа Фејсбук фан страната на https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/ и Твитер профилот на:https://twitter.com/izbori_mk, но и официјалната веб страна на http://www.sec.mk/.

Граѓаните за повеќе информации граѓаните можат да се јават и на бесплатната телефонска линија 0800 555 444.