Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествуваше на видеосостанокот на Претседателството на Партијата на европски социјалисти.
– На состанокот Северна Македонија доби силна поддршка на патот кон ЕУ. Претседателството дискутираше за потребата од што побрзо воспоставување на преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, при што беа поддржани и апелите на Владата на Република Северна Македонија во таа насока – се вели во соопштението.

Притоа Претседателството усвои заедничка изјава во која се вели: „Претседателството на ПЕС го повикува Советот на ЕУ да ги усвои преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија без одлагање и не подоцна од 10 ноември, и да овозможи првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ да се одржи пред крајот на 2020 година”.