Европскиот комесар за проширување Оливер Вархели денеска ќе ја претстави во Брисел ревидираната методологија за процесот на пристапување кон Европската Унија. Новата методологија за проширување Вархели ќе ја претстави на прес-конференција по состанокот на Колегиумот на Европската комисија, објавено е на веб-страницата на Европскиот парламент.

Европската комисија подготви нова методологија за проширување на Европската Унија по францускиот предлог за реформа на процесот на проширување од ноември минатата година и по вториот предлог на девет земји-членки во декември.