Нема пократок пат за членство во Европската Унија и европската иднина на Западен Балкан може да се постигне само преку реформи, порача европратеникот Владимир Билчик преку Твитер.

Тој смета дека промената на границите и размената не територии претставуваат опасен пат кон експлозивното минато, како што наведе по повод наводниот нон пејпер кој медиумите му го припишуваат на словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Билчик на Твитер ја реобјави и пораката на шефот на словачката дипломатија Иван Корчок кој порача дека Словачка го подржува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ.