Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва најави дека Португалија ќе се се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, откако го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија (ЕУ) на 1 јануари.

Тој истакнал дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и со Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство, на онлајн брифинг со новинарите, додавајќи дека ЕУ досега испорачала многу барања до Македонија.

– Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето – категоричен е Силва, најавувајќи дека преку разговори со Софија и со Скопје ќе се настојува да се надминат недоразбирањата.