Нагласувајќи дека неговата победа, која е сигурна и очекувана ќе им ја посвети на младите за чии соништа сите се бориме, носителот на листата во изборната единица 5, Игор Дурловски, денеска од Битола во обраќањето до граѓаните рече дека му е особено чест што кампањата за парламентарните избори ќе ја започне од својот роден крај Битола.

– Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти. На овие избори Коалицијата „За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети – рече Дурловски.

Тој додаде дека е време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура. Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се – порача Дурловски, од Битола. М.М.