Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на Владата треба да биде одложена.

„Пред нас има важни прашања и сметаме дека заедно со господинот Заев на чело на таа Влада ќе треба да ги заокружиме сите тие процеси, вклучително дијалогот со Бугарија за да се откочи патот кон добивање на датум за првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговори за членството во ЕУ“, рече Груби, кој заедно со европратеникот Илхан Ќучук го посетија ОУ „Исмаил Ќемали“.

Тој додаде и дека ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој треба да биде избран на 12 декември.

Груби,  нагласи дека парламентарнонто мнозинство е стабилно. Заев има директни контакти со Алтернатива, рече Груби и за средбите ја информира владејачката коалиција. Средби со Алтернатива оставриле и членови на ДУИ. Во однос на барањето на опозицијата за предвремени избори, Груби смета дека за тоа може да стане збор кога ќе се одржуваат претседателските избори, односно во 2024 во месец април или мај.