Фото: Игор Бансколиев

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централниот Совет на ДУИ на која ќе се дискутира околу изборите и коалицискиот договор.

Од партијата најавија дека по седницата ќе биде дадена изјава за медиумите.

Вчера, Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев соопштија дека постигнале договор за нова Влада со полн мандат од четири години. Според договореното, Владата ќе ја предводи Заев, а во последните 100 дена ќе биде назначен премиер по предлог на ДУИ.

Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места, а ќе се укине и Пржинската влада.

Како определби за следните 4 години беа посочени јакнење на економскиот стандард, борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, како и прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен. Постои и коалициска согласност заштитата на животната средина.

Како што беше посочено по средбата на првите луѓе на СДСМ и ДУИ, во првите шест месеци, ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор кои останале нераспоредени во државните институции.