Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница денеска во 18.15 часот. 

На седницата се очекува Државната изборна комисија да ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори. Според информациите, резултатите од гласањето досега не беа објавени поради хакерскиот напад врз сајтот на ДИК. 

Седницата ќе биде емитувана во живо на Јутјуб каналот на ДИК. 


Се поместува најавената седница на ДИК

Се поместува времето на започнување на најавената седница на ДИК, која требаше да се одржи во 18.15 часот. Поради финални контроли на податоците седницата се презакажува и истата ќе започне во 19.30 часот.