До 18.30 часот во Битола гласале 53,9 отсто од граѓаните запишани во Избирачкиот список. Од вкупно запишани 80.882 избирачи, гласале 37.311 граѓани на Општина Битола.

Во Пелагонискиот регион најголема излезност е забележана во Новаци, каде до 18.30 часот на гласање излегле 72,71 отсто од избирачите, или од запишаните 2.868 избирачи, своето право на глас го искористија 1.884 избирачи.

Во Могила од запишаните 5.195 избирачи, гласале 3.463 избирачи, што е 66,71 отсто.
М.М.