Излезеноста до 17 часот изнесува 41,29 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија на (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 470.436 лица, покажуваат обработените податоци од 2.195 гласачки места од вкупно 3.480.

Најголема излезеност од 70,13 отсто е забележана во Новаци, а најмала во Шуто Оризари од 25,57 отсто.