Фото: Маја Јаневска-Илиева

До 15 часот гласале 340 лица со ковид-19 или во самоизолација.

Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива без проблеми.

За денешното гласање се евидентирани 711 лица.

Најмногу пријави за гласање на лица со ковид-19 и во самоизолација има во Ресен-60, Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.

За остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.