Излезеноста до 11 часот изнесува 14,04 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија на (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 178.569 лица, покажуваат обработените податоци од 2.323 гласачки места од вкупно 2.454.

Најголема излезеност од 33,37 отсто е забележана во Ранковце, а најмала во Сарај со 5,42 отсто.