До Управниот суд до 18 часот пристигнале тужби од две политички партии, Интегра и Алијанса на Албанците, како и една од жител од Куманово за повреда на избирачко право.  

Освен официјално заведените тужби, од Управен суд информираат дека пристигнале уште 75 тужби од Алијанса за Албанците.

Од тужбите на политичките партии, првата тужба е од Интегра, која беше поднесена до 15 часот, а се однесува на заштита на избирачко право на подносителите на листи. 

Од Управниот суд посочија дека дополнително ќе информираат за одржување на јавната седница.