фото Игор Бансколиев

СИРИЗА до грчката влада

Грчката опозициска партија СИРИЗА ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Македонија, како дел од Договорот од Преспа. Ова се случува по најавите дека официјална Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува „Еурактив“.

Меморандумите, се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Македонија кон ЕУ и контрола на воздушниот простор.

– Донесете ги меморандумите во Парламентот и престанете да играте со европската иднина на Северна Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан – изјави пратеникот на СИРИЗА, Костас Захаријадес.

Тој додаде дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.

„Еурактив“ потсетува дека твитот на премиерот Зоран Заев во кој пишува „македонска репрезентација“ предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која најави дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми. Договорот од Преспа беше потпишан кога СИРИЗА беше на власт.