МАКЕДОНИЈАДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препоракиОбјавено пред 14 минути – 26 јануари, 2020Од Макфакс

Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни, порача ДОМ.

Зелената партија бара веднаш да се спроведат следните итни мерки: Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети; Стопирање на сите градежни активности во градските средини; Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина; Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници; Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај; Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси; Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената.