Пратеникот Илија Димовски побара разрешувањето на Рашела Мизрахи да се симне од дневен ред, бидејќи, како што вели, таа го нема прекршено Преспанскиот договор.

-Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор. Спасовски го има прекрешено Договорот и тоа во полза на Грција. Договорот вели: сите материјали и документи ќе се усогласат со новото име кога ќе биде отворено соодветното поглавје во преговорите со Европската унија. Поглавјето за труд и социјала не е отворено – рече Димовски. 
Неговиот предлог не помина.