Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре престојува во официјална посета на Бугарија, на покана на неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес ќе бидат разменети на средбата на Димитров и Захариева, соопшти МНР.

Димитров е предвидено за време на посетата да биде примен и од бугарскиот претседател Румен Радев.