Министерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека до добивањето на датумот за преговори со ЕУ биле донесени храбри политички одлуки, дека патот не бил едноставен, но и порача дека земјата треба напорно да работи на реформите до заокружување на целиот процес.

– Советот за општи работи на нивно на министри на ЕУ денес даде политичка согласност за заклучоците кои се многу позитивни и охрабрувачки за нас. И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот, цениме што ЕУ најде волја и време да оддаде признание за досега сработеното. СРМ по 15 години во чекалната на ЕУ и по разочарувањата во јуни 2018-тата, и јуни 2019 и октомври истата година, конечно го поминува прагот и ќе може започне следната заслужена својот европски пат. Од сега и ние ќе имаме почетна точка од кога започнуваме да го мериме времето. Ќе имаме позитивен натпревар во спроведувањето на реформите и достигнувањето на европските стандарди. И досега, но отсега па натаму уште повеќе од нас самите зависи. Конечно земјата безуловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ. Советот недвосмислено ќе потврди дека Северна Македонија, остварила опипливи и одржливи реформски резултати. Советот ја поканува комисијата веднаш да поднесе предлог рамка за преговорите како и да ја започне неопходната подготвителна работа. Првата меѓувладина конференција ќе биде свикана што е можно поскоро по завршување на преговарачката рамка.Советот ја повикува Комисијата да го дозаврши скрининг процесот, почнувајќи со кластерот за фундаменталните вредности – рече Димитров.

Тој им се заблагодари на граѓаните што не ја изгубиле вербата во европските вредности и порача дека сега државата ја чека многу работа за да го изоди останатиот дел од патот, односно до затварањето на поглавјата и конечно члентво во ЕУ.

– Ја одработивме и заслуживме шансата. Изодевме тежок пат, во вонредни околности кои моравме да ги поминеме и да направиме се, да излеземе од заробената држава. Го склучивме Преспанскиот договор, ги усвоивме уставните амандмани. Не беше едноставно , но покажавме визија, разумност и политичка храброст. Сега е важно да ви се заблагодариме на вас граѓаните за непоколебливата верба . Исполнивме дел од заветот на нашите баби и дедовци и отвориме перспектива за нашите деца.Патот натаму нема да биде лесен, ако се препуштиме на рамнодушноста. Повторно од нас ќе зависи како ќе го минуваме тој – рече Димитров.