Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, утре и задутре треба да учествуваат на квадрилатералниот состанок во Солун.

Двајцата министри в четврток и петок ќе учествуваат на квадрилатералниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати.

Од Министерството за надворешни работи не прецизираат дали е превидена билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, на која би станало збор за спорот со името.

Последната средба во рамки на преговарачкиот процес Димитров и Коѕијас ја имаа на 25 април во Виена, а на неа присуствуваше и медијаторот на ОН, Метју Нимиц.