Нема ниту еден минстер во светот кој се фали дека половично реализирал проекти, но и тоа очигледно мора да го правиш кога премиер ти е Зоран Заев, а и ти самиот не знаеш што да правиш, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Денеска Фатмир Бесими кажа дека е успех што реализира 61% од заедничките заклучоци со ЕУ. Тоа е како маратонец да се фали дека е успех што го истрчал маратонот до пола, а требало да го трча цел. Воедно, министерот нека биде доблесен и нека ги објави сите заклучоци па да видиме кој заклучок е реализиран, а кој не е и како дојдоа до бројката 61.

Бесими и Заев допринесоа за раст на јавниот долг од 2.4 милијарди евра. Само со ребалансот на буџетот ќе го зголемат долгот за нови 200 милиони евра, оставија луѓе на улица, затворија фирми. Бесими и Заев ја уништија економијата и сега се фалат дека нешто до пола сработиле – порача таа.