Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ќе одлучува по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје. Одлуката не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

За одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада потребни се два потписа, односно тие имаат врзани потписи, во согласност со Законот за Влада.

ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите. Одлуката на ДИК е конечна.