Претседателот Стево Пендаровски, се сретна со членовите на Државната изборна комисија, по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот на Претседателот, на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

Пендаровски ги запозна членовите на ДИК со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.

На средбата беше договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот.