Фото: Маја Јаневска-Илиева

Државната изборна комисија (ДИК) спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата, во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Министерот Венко Филипче заедно со Борис Кондарко од ДИК извршија увид во пресрет на симулацијата.

В петок ќе почне комплетна дезифенција на сите избирачки места во Македонија, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Најголем дел од избирачките места годинава ќе бидат сместени во фискултурните сали, а мал дел во ходниците во училиштата.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули, а гласањето овој пат ќе трае до 21 часот, наместо до 19 часот како досега.