Фото: Архива/„Нова Македонија“

Според неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 93,96 отсто од податоците од вкупно 3.480 гласачки места, коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освоила 36,13 отсто, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 34,65 отсто од гласовите.

За ДУИ гласале 11,57 отсто, за Алијанса за Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, за ДПА – 1,48 и за Интегра – 1,33 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто (ГДУ 0,37%, Моро 0,36%, Глас за Македонија 0,3%,Единствена Македонија 0,29%, СДУ 0,27%, Твоја 0,2%, Демократи 0,17, Народна партија на Ромите 0,15).

Од ДИК информираа дека освоените мандати ќе бидат соопштени утре кога ќе бидат направени проверки на записниците од секое гласачко место.