Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка меѓу политичките ривали. На околу 70 отсто од обработените избирачки места СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со еден процент разлика.

Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75, по преброените гласови од 2.277 гласачки места од вкупно 3.480.

Ова го покажуваат податоците од Државната изборна комисија (ДИК) објавени на Јутуб. За ДУИ гласале 10,31 отсто, а потоа следуваат Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за ДПА 1,33, додека другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Претседателот на ДИК упати извинување до јавноста за нефункционалноста на интернет-страницата на Комисијата, велејќи дека според првичните информации станува збор за проблем предизвикан од надворешен напад. Веб-страницата на ДИК не функционира повеќе од еден час не им функционира.

Тој порача дека земјава имала добар изборен ден со фер атмосфера и покрај, тешката и комплицирана ситуација со епидемијата на коронавирусот.