Фото: Маја Јаневска-Илиева

Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“, води со освоени 36,27 отсто од гласовите пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,89 отсто, по преброени гласови од 3.023 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 87 отсто од избирачките ливчиња.

 За ДУИ гласале 11,37, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,67, за Левица 3,93, ДПА 1,42 и за Интегра 1,34, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК).