Фото: Дарко Андоновски

Државната изборна комисија денеска на прес-конференција соопшти дека до 10 часот излезеноста на гласачките места е 6,05 проценти.

-До ДИК пристигнаа 75,28% од вкупниот број на избирачки места. Од нив гласале 80.569, односно 6,05% од гласачите. Највисока излезност има во Прилеп 11,05%, а додека најмала излезеност има во Боговиње 1,79% – соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

Гласањето во село Студеничани се уште не е почнато, бидејќи одговорното лице кое требало да ја отклучи просторијата каде треба да се гласа одбивало да го стори и поради тоа од ДИК соопштија дека тука, односно на избирачкото место 2344 гласање воопшто нема да има.