Фото: Игор Бансколиев

Излезеноста до 17 часот изнесува 38,78 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија на (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 703.522 лица, покажуваат обработените податоци од 3.459 гласачки места од вкупно 3.480.

Најголема излезеност од 43,99 отсто има во изборната единица 4. Излезеноста по избирачки единици гласи, ИЕ1 – 41,07%, ИЕ2 – 36,98%, ИЕ3 – 43,85%, ИЕ4 – 43,99%, ИЕ5 – 38,21% и ИЕ6 – 29,6%.